Данев: Ова е најкриминалната влада досега, дојде живот само за функционерите на СДСМ

by Фокус

Зоран Заев е предводник на најнеспособната, нејнеработливата и најкриминалната влада во македонската историја, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на денешната парламентарна седница за интерпелација на владата.

-Оваа влада покажа и докажа дека нема капацитет за водење на институции и наместо да решава проблеми на граѓаните, работи исклучиво за своите партиски и лични интереси и за задржување на климавата коалиција со ДУИ. За да останете на власт, ги подривте националните и државните интереси. Повеќе нема демократија во РМ, премиерот и министрите во исто време се политичари, судии, обвинители и бизнисмени. Ги партизирате сите институтции, се бркаат од работа и се деградираат професионалнци. Судството е заробено, се кршат Уставот и законите, што се покажа со носењето на Законот за јазици. Дојде живот само за владините и партиските функционери на СДСМ – рече Данев.
Тој додаде дека незадоволни од актуелната влада се пензонерите, лекарите, пензионерите, младите, старите…

Поврзани новости