Единствена причина поради која нема договор за Државната изборна комисија е тоа што нема договор меѓу политичките партии, рече пратеникот ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во синоќешното гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Данев вели дека прашањето за ДИК се нашло на масата уште во март кога започнале преговорите помеѓу власта и опозицијата.
-ВМРО-ДПМНЕ ги исполни своите обврски кога станува збор за овој договор со гласање за реформските закони – рече Данев нагласувајќи дека СДСМ е страната која упорно го крши договорот постигнат помеѓу двете најголеми партии.
Имено Данев истакна дека ваквото делување на СДСМ е без преседан и никогаш во историјата на Македонија промените во Изборниот Законик не биле предложени од Владата. Тој вели дека измените секогаш се носеле со консензус на сите политички партии во интерес на граѓаните на Република Македонија. Пратеникот потенцира дека Власта продолжува да го крши деловникот, законите и Уставот.