Данец вадел пари од банкомат, го нападнале и претепале

by Fokus

Данец вадел пари од банкомат, тројца непознати го претепале, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 08,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Б.С.С.(24) од Данска пријави дека истиот ден околу 05,00 часот пред банкомат на улица “Македонија“ додека вадел пари заедно со неговиот пријател им пришле три непознати лица и физички ги нападнале по што го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости