749
Советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески е кандидат за амбасадор во НАТО, потврдија владини извори.
Кандидатурата на Талески, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ја достави на владина седница в четврток.
Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето, а Заев и Димитров изминатиот период говореа дека во моментов кога земјата е пред прагот на полноправно членство во Алијансата, пополнувањето на ова место е клучно.
Земјава се очекува мошне брзо да стане и официјална членка на НАТО, уште една ратификација, онаа на шпанскиот Парламент ја делат од полноправното членство.