Дане Талески амбасадор на Македонија во НАТО: Теута Арифи во САД?

by fokus 16:42
16:42

Првиот амбасадор на Македонија во НАТО ќе биде советникот на премиерот Заев, Дане Талески, пренесува Телма.

Македонија нема амбасадор во НАТО повеќе од година и половина, а најавите се дека до самитот во декември, државата ќе има свој дипломатски претставник на највисоко ниво во седиштето на Алијансата. Името на Талески како пратеничко прашање до премиерот го кажа опозицискиот претседател на собраниската комисија за надворешни работи, но во друштво со уште три други.

- Advertisements -

Пратеникот Антонио Милошоски го праша премиерот Заев дали е точно дека Теута Арифи ќе биде амбасадор во САД, Сашко Насев во Софија и Мишо Догмановиќ во Тел Авив.

Поврзани новости