Дали Заеви имаат имот во Дубаи, праша Стоилковски

by Фокус

Зошто Димитар Ковачевски и Зоран Заев молчат за имотите на македонски државјани во Дубаи вредни 14 милиони евра, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Едни од најчестите посетители на Дубаи се членовите на семејството Заеви, кои што објавуваат фотографии од луксузни апартмани и имоти. Членови на најблиското семејство на Зоран и Вице Заеви, како и други членови на семејството Заеви постојано објавуваат фотографии од луксузните имоти во Дубаи. Дали имотите во кои што престојуваат членови на семејството Заеви се во посед на некој член со презиме Заев? – праша Стоилковски.

Ако овие имоти се во нивни раце, прашува тој, колку пари се купени и како тие пари се стекнати?

-Зоран Заев, ти како поранешен премиер треба да одговориш пред јавноста дали лица од твоето семејство поседуваат имоти во Дубаи? Народот заслужува да знае. Дополнително, ги повикуваме финансиските институции во Македонија да ги истражат наводите на новинарите од Норвешка и да утврдат дали имотите вредни 14 милиони евра во Дубаи се стекнати со пари заработени со криминал и корупција – порача Стоилковски.

Поврзани новости