Дали судиите неоправдано застарувале предмети, еден од критериумите за најавената филтрација во судството

by fokus

Министерот за правда Бојан Маричиќ на прес-конференцијата по повод одбележувањето на првите 100 дена од формирањето на Владата презентираше дел од критериумите за прочистување на судството и обвинителството. Тој најави дека методологијата за филтрација на судството и обвинителството е при крај и дека очекува Судскиот совет до крајот на оваа недела истата да ја разгледа и усвои.

Потоа, како што рече, на 28 декември методологијата ќе се најде на седница на Советот за реформи во правосудството, а врз основа на тоа по нејзиното донесување и крајно утврдување ќе биде и објавена за јавноста.

– Она што можам сега да го кажам, а што е врзано со оваа методологија е дека мал дел од критериумите за филтрирање би биле утврдување дали има неоправдано одложување на рочишта од страна на судиите, непочитување или пречекорување на законските рочишта, застарување на гонење или извршување на санкциите во кривичните предмети, неправилна одлука или приговор за застареност од странките, потенцираше Маричиќ.

Поврзани новости