Дали ректорот дозволил сеча на дрвата?

by Фокус

Ректоратот на УКИМ требаше да ја образложи постапката за сечењето на дрвјата, влегувањето на лица надвор од УКИМ и процесот на донесување одлука за овие објекти. Требаше да свика седница, ако ништо друго да превенира ескалација на ситуацијата на УКУМ, вели професор Маја Стевановиќ од Професорскиот пленум во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Одговорноста ја лоцирам и во Министерството за образование, но пред сè, бидејќи тоа нас како професори нè интересира, во работата на органите на управата на нашиот универзитет. Овие денови добивме различни информации, сè се тоа неофицијални информации, сè се тоа нешта кои самите ги баравме за да можеме да направиме некаква реконструкција на настаните. Јас имав можност да видам три записника од Сенатот на УКИМ, првиот е од 11 месец 2013,другите два се од втори и трети месец 2015 година. Во првиот стои под точка разно, замислете, бидејќи толку е неважен проблемот дека е изгласана одлука за барање изградба на факултет, без да се посочи каков факултет, за кого факултет, во кампусот на општествено-хуманистичките науки. Информациите од некои од сенаторите се дека на тој состанок била изгласана одлука за барање средства за изградба на објект. Во другите два записника имаме барање од одредени сенатори да се добие информација, а во третиот записник стои информација дека ќе се побара писмена информација од министерството. Само да посочам, два сенати кои се одржани, за кои зборувам, се случиле после обзнанувањето на јавниот конкурс и резултатите од јавниот конкурс во врска со градењето на овие згради од страна на министерството. Ниту е мое, ниту на кој било од професорите да бидат приватни истражители. Ако пости место на кое треба да се расчистат сите дилеми, тоа место е Сенатот на УКИМ“ вели Стевановиќ.

Поврзани новости