Дали новоизбраниот судија Илиевски зборува англиски и француски јазик?

by fokus

Дали новоизбраниот судија во Судот за човекови права во Стразбур, Јово Илиевски, зборува англиски и француски јазик (едниот мора да го владее, а другиот да го познава пасивно)? Ваква дилема наметна Уставната судијка Наташа Габер -Дамјановска, која исто така учествуваше на огласот, објаснувајќи дека на распишаниот јавен оглас на МНР, сертификатите за познавање на јазиците биле услов, но подоцна не им биле побарани.

Поточно Габер објаснува дека во јавниот оглас на МНР, меѓу другите услови бараше да: “Мора активно да го владеат едниот, а пасивно другиот службен јазик на Совет на Европа (англиски и француски)“, со придружна “Напомена: Тројцата кандидати кои што ќе бидат селектирани од страна на Комисијата се должни, доколку не поседуваат, да обезбедат меѓународно признати сертификати за познавање на странските јазици (англиски и француски), најдоцна до 15 август 2016 година (минимум ниво C1 за јазикот кој активно го владеат и минимум ниво A1/A2 за јазикот кој пасивно го владеат).“

-Јас тој сертификат го имам и се понудив да го врачам, но потоа не ми беше побаран. Па ете, вака, би ме интересирало зошто овој конкурсен услов кој е поставен од нашите власти некако се “занемари“? Дали сите ние тројца кои бевме на интервју поседуваме таков сертификат? Интересна тема за истражување, преку примена на Законот за слободен пристап до информации, напиша на социјалната мрежа фејсбук, Габер-Дамјановска.

Се обидовме да стапиме во контакт со Илиевски, и да го прашаме дали тој ги поседува бараните сретификати, но тој не одговори на нашиот телефонски повик.

Поврзани новости