Дали навремено ќе се набават учебници по новите наставни програми?

by Фокус

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Шаќири изрази надеж дека тие ќе бидат доставени до училиштата навреме, но, како што посочува, доколку се случи да има доцнење, Министерството има обезбедено печатени соодветни материјали додека учениците ги добијат учебниците.

Тој појасни дека согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, новите наставни програми се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

-Од 1 септември ќе има учебници во трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои се по стара концепција и мислам дека тие ќе бидат навремено доставени до училиштата. За новата концепција сме во фаза на одобрување и на економски оператор и на некои учебници, но имаме уште 20 дена рок и очекувам и овие да бидат позитивно завршени до почетокот на новата учебна година – рече тој на Сител.

Поврзани новости