Дали Груевски може да изгуби во Првата изборна единица?

by fokus 10:25
10:25

Првата изборна единица ја сочинуваат осум цели општини, и еден дел од општината Чаир од која има неколку избирачки места кои се вклучени во втората изборна единица.

Во првиот круг од претседателските избори, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот на СДСМ и за кандидатот на ГРОМ, гласовите во осумте општини од првата изборна единица и во оние избирачки места од Чаир кои припаѓаат кон првата изборна единица, се распределени вака:

- Advertisements -

Според прикажаново, разликата помеѓу бројот на гласовите што ги добил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и бројот на гласовите дадени за кандидатот на СДСМ е само 1598 гласа.

Иако  во политиката два плус два ретко дават четири, и иако во оние гласови што ги добил Стево Пендаровски сигурно влегуваат и гласови од други опозициски партии кои на парламентарните избори ќе настапат самостојно (како ВМРО-НП и Достоинство, на пример) сепак таа потенцијална загуба (која и онака не е многу голема, ако се има во предвид рејтингот на малите опозициски партии) е можно да се надокнади со поголема излезност на опозициски гласачи за парламентарните избори, кои за многумина се побитни од оние само за претседател.

Од таму, ако се има предвид малата разлика помеѓу гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од првиот круг на претседателските избори во првата изборна единица – се поставуваат две прашања:

1. Дали е можно носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Никола Груевски да биде поразен од носителот на листата на СДСМ во првата изборна единица, Рената Дескоска?

2. Ако тоа се случи, ако од сите носители на листи во сите изборни единици само Никола Груевски биде поразен од носителот на опозициската листа – дали тоа ќе биде крај за неговата политичка кариера и дали, под услов ВМРО-ДПМНЕ сепак да победи на ниво на целата држава, новиот премиер нема да биде носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, Никола Тодоров, каде што се очекува убедлива победа на владејачката партија?

Во политиката никогаш не може со сигурност да се предвиди ништо, и затоа ќе мораме да се стрпиме до недела, кога многу работи ќе станат појасни.

Поврзани новости