Дали алкохол ќе се продава до 23 часот или без ограничување – допрва ќе се одлучува

by fokus

На вчерашната 41. седница на Владата е побарано од Министерството за економија за два месеци да подготви предлог-закон со кој ќе се изменат сегашните одредби во законот за продажба на алкохол. Во следните два месеци ќе се одлучи дали ограничувањето целосно ќе се укине или, пак, алкохол ќе се продава до 23 часот.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека Министерството  за економија се консултирало со бизнис-заедницата, односно малопродажната мрежа, и добиени се неколку предлози.

– Министерството за економија ќе треба во рок од два месеци да достави предлог како ќе се продава алкохол – дали само до 23 часот или целосно ќе се отстрани ограничувањето. Се очекува и предлог како да се дефинира продажбата на алкохол и во киосците и на бензинските пумпи, на пример – рече Бошњаковски.

Поврзани новости