Дали 5.000 келнери од Турција ќе дојдат да работат во Македонија?

by Fokus 15:55
15:55

Вкупно 5 000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција можат веднаш да дојдат во земјава и да почнат со работа во нашите угостителски објекти, доколку државата им овозможи брзо вработување, под истите услови кои важат за македонските граѓани – само со лични карти и евидентирање без многу формалности, соопшти денеска Туристичко-угоститеката комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори.

Според ТУК, немањето кадар во секторот моментно е најголем проблем, а недостигаат околу 20 000 работници. Доколку ситуацијата не се смени за околу една година, 50 – 60 отсто од рестораните и хотелите ќе се затворат.

-Засега, затворање нема да има, проблем е кадарот. Ни фалат 20 000 работници. Ние обезбедивме 5 000 од Турција и тие може да дојдат утре, но ако дозволи и овозможи државата. Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хравстка и Словенија, но евидентно е и иселувањето во подалечните земји, рече претседателот на ТУК Аркан Керим.

Поврзани новости