Далеку е Шкендија од ЛШ, пораз од Салцбург и на реваншот во Скопје

by fokus

Македонскиот фудбалски првак Шкендија ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, откако на домашен терен загуби 0-1 (0-0) од Салцбург и не успеа да ја надополни негативата од на првиот меч во Австрија.

Екипата на Ќатип Османи на „Ред Бул Арена“ загубија со 0-3, додека на домашен терен не беа ниту близу да направат голем подвиг и да му ги поматат сметките на големиот фаворит.

Единствениот гол на мечот го постигна Андре Рамаљо во 92. минута. Со елиминацијата од Лигата на шампионите, за Шкендија следи настап во плеј-офот за Лигата на Европа.

Поврзани новости