ДАДАР ГИ СПАСУВА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЌЕЛАВОСТ

by fokus

Познатиот стилист и сопственик на ,,Мое студио – Дадар,, Александар Билјановски – Дадар, изминатиов период стана еден вид на гуру на мажите кои што имаат мака поради ќелавоста. Имено, освен што долги години наназад ги разубавува жените, деновиве добивал и по десетици повици од мажи кои што слушнале за неговит метод за прикривање на ќелавост, и заинтересираноста за овој новитет кај нас, ги надминувала сите очекувања.

,,Станува збор за микропигментација на скалп, нешто кое што се изведува во ,,Мое студио Дадар,, и интересот е неверојатно голем. Микропигментацијата е боење на скалпот со помош на биоразградливи бои, кои што се сосема безопасни и за неколку години исчезнуваат. Потоа, процедурата се обновува,, – појаснува Дадар. Тој додава дека го радува факотот што се поголем број на мажи во земјава се повеќе водат грижа за својот изглед и нега, но посебно се радувал затоа што со микропигментацијата им го подобрил квалитетот на животот на своите клиенти и им ја зголемил самодовербата.

thumbnail_studio-dadar1

,,Искрено, неочекувано колку се мажите спремни на се, за да изгледаат добро, посебно оние на кои што им се смачило да бидат без коса! Целата процедура е безболна, се прави со помош на една игличка, нанотехнологија, се цртаат точки и влакна со цел да се добие илузија на кратко потстрижена коса. Има клиенти кои што имаат поретка коса, или пак косата започнала да им опаѓа, и во тие случаи се згуснува косата во корен со помош на привремена тетоважа. Во рок од 6 до 12 часа, во зависнот од потребите, мажите си одат од кај мене со сосема нов изглед и се збогуваат со ќелавоста,, – вели Дадар. Помеѓу неговите клиенти имало голем број на јавни личности, но и обични луѓе на кои што им се смачила ќелавоста. Сите кои што се подложиле на овој третман биле презадоволни и не можеле да го тргнат погледот од огледалото.

,,Мислев дека цел живот ќе го поминам без коса, ја изгубив уште на млади години, па често носев капа и се обидував да се помирам со судбината и да се свикнам на мојот изглед. Се тешев со тоа дека има премногу ќелави мажи во светот, но им завидував на сите оние со бујна коса. Микропигментацијата на скалпот ми го реши проблемот засекогаш, сега се чувствувам како повторно да сум се родил. Оние мажи кои што ги одминала ќелавоста сигурно не можат да ме сфатат, но останатите добро ме разбираат,, – ни кажа еден од клиентите на познатиот стилист.

Вики Клинчарова

Поврзани новости