Пендаровски: Не смееме да дозволиме стотици илјади граѓани да останат дома, треба да гласаат

by Фокус 10:00
10:00

Мојата молба до сите вас е во вториот круг,сите оние стотици илјади граѓани што останаа дома да ги мотивираме да гласаат. Ние немаме намера да ги тераме луѓето да излезат на избори со закани, уцени и притисоци, туку со аргументи и по своја волја. Со  овие зборови вчера на митингот во Куманово им се обрати кандидатот за шеф на државата од опозицискиот СДСМ, Стево Пендаровски.

– Треба да го дадете својот глас за двете листи на опозицијата, за на тој начин да направиме комплетна политичка промена. Не смееме да се задоволиме со тоа, стотици наши илјади граѓани да останат дома, а потоа да се жалиме на сите инстанци. Мораме што побрзо да го направиме тоа, да има поголема политичка мобилизација, за да ги добиеме изборите – истакна Пендаровски.

- Advertising -

Поврзани новости