Д-р Ненад Лазаров до колегите: Не ви доликува секоја вечер да одите по кафани

by fokus

Матичниот лекар, Ненад Лазаров во статус на Фејсбук ги критикува своите колеги кои одат и се сликаат во кафана во време на пандемија, а следниот ден наутро прегледуваат пациенти.

-Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, у кафана секоја вечер, друштва по свирки, НЕ ВИ ДОЛИКУВА. И има да ве ставам на ѕид на срамот од сега па лутете се, ако можам да седам ја дома, може секој од вас! Па уште се сликаат без маска без ништо, идиоти, нели ви е страв, ако ништо друго од реакција на јавност, сабјлето треба пациенти да прегледувате.., напиша Лазаров.

Во последното деноноќие регистрирани се 144 случаи на ковид-19, а починаа осум лица.

Поврзани новости