Чурилова до Рангелова: И сами знаете дека кон Шиповиќ летна шише од 1,5 литро

by Fokus

Советничката на СДСМ Билјана Чурилова денеска како сведок одговараше во вкрстено испрашување на прашања од обвинетата Даниела Рангелова.

Обидувајќи се да го оспори насилието кое се случуваше во Општината, Рангелова праша дали е точно дека на претседавачот Мирослав Шиповиќ не ми се случило ништо кога излегол надвор за да одржи прес.

-И сами знаете дека на Шиповиќ му летна шише од 1,5 литри и среќа што ја тргна главата па шишето заврши во ѕидот – рече Чурилова.

Рангелова во своите прашања се обиде да ги побие тврдењата на Чурилова дека била во дослух со толпата.

-Нема да ме убедите дека не бевте во дослух. Цело време како нешто да чекавте. Вие лично се поздравувавте со поедини луѓе – додаде таа.

Таа праша што барала мајка на советничка на протестот и рече дека ова прашање го поставува со цел да се утврди дека освен членови на ВМРО ДПМНЕ на протестот имало и членови на СДСМ.

Со ова заврши денешното рочиште. Судењето ќе продолжи со сведочење на уште двајца советници на СДСМ во Општина Центар.

Поврзани новости