Чулев тврди дека цел материјал од ПИ-мерките за „Рекет“ е предаден во ЈО

by fokus 14:00
14:00

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес – конференција потврди дека МВР по налог на ОЈО реализирало ПИ – мерки за лица опфатени со случајот „Рекет“.

– Во однос на наведените три лица објавени во јавноста, МВР по налог на ОЈО ги реализирало ПИ мерките и тоа следење на комуникации и физичко следење на јавен простор со примена на технички мерки. Сите материјали од ПИ мерките се предадени на тогашниот министер Оливер Спасовски. Ги предал на Основното јавно обвинителство, а преку ОЈО до судијата на претходна постапка. Согласно внатрешните процедури и законот, МВР не е овластено и не смее да чува копија од доказниот материјал од ПИ мерките. Значи целокупниот материјал е доставен до ОЈО и моментално во МВР не се чуваат копии, рече Чулев одговарајќи на новинарско прашање.

- Advertising -

За тоа дали постојат тонски записи од примената на ПИ мерките, Чулев упати за одговор новинарите да побараат од претходниот министер за вантрешни работи или ОЈО.

Русковска: Доколку снимките имаат тон ќе ги презентираме во дополнување на доказната постапка

Поврзани новости