Чулев: Спасовски објавува спинувани информации, до крај ќе останам во техничката влада

by fokus

Веројатно денешната прес конференција на која открив незаконски постапки во кои грубо се кршел законот за јавни набавки, како и претходната прес конференција на која зборував за злоупотреби поврзани со набавката на пасоши и други лични документи, како и актуелните криминалистички истраги за други случаи е причина за паниката на Оливер Спасовски, па тој тргна во злоупотреба на министерството за внатрешни работи во партиски цели и објавување на спинувани информации во медуимите, реагира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев откако во дел од медиумите се појави информација дека утре ќе си поднесе оставка.

-Денешниот случај во кој официјалната веб страна на министерството за внатрешни работи е злоупотребена за објавување на партиски соопштенија напишани од страна на СДСМ прво говори за паниката во која тие се наоѓаат, а потоа е уште еден аргумент на моите тврдења дека наместо професионализација, Оливер направи груба партизација на Министерството за внатрешни работи, односно постави луѓе кои слепо му веруваат и ги почитуваат партиските директиви дадени од негова страна. Ваквите постапки не покажуваат ништо друго, туку говорат дека СДСМ е во паника од понатамошно објавување и споделување на сите криминали. Попладневно, низ медиумите беа објавени низа шпекулации и невистини поврзани со наводна моја оставка во техничката влада. Во оваа прилика сакам да му порачам на Оливер Спасовски, на партиските структури во МВР кои се поставени од него и на криминалните структури кои СДСМ ги поддржува, дека воопшто не размислувам за поднесување оставка. Напротив, до последниот ден ќе останам во техничката влада и цврсто ќе се борам против сите остатоци од неговото лошо владење во државата и криминалот и бескомпромисно ќе се залагам за чист изборен процес. Граѓаните треба бидат сигурни дека нема да потклекнам пред притисоците и заканите од СДСМ и криминалните групи и борбата против криминалот ќе продолжи со несмален интензитет, а за секое постапување во Министерството за внатрешни работи кое е спротивно на законите и законските процедури ќе следи соодветна дисциплинска постапка, напиша Чулев на Фејсбук.

Поврзани новости