Чулев: Спасовски доделил 13 милиони евра на компанија на чие отворање присуствувал

by Фокус

Немаат крај скандалите во Министерството за внатрешни работи од чиј буџет се испумпуваат милиони евра за набавка на храна за потребите на полициските службеници, Министерството раководено од страна на Оливер Спасовски плаќа милионски суми евра за тендери за набавка на храна, обвини Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, кој е поранешен министер за внатрешни работи.

-Ова е договорот помеѓу компанијата Индустри сервис и МВР на Спасовски за достава на храна за потребите на полицискиот центар во Ѓорче Петров. Овој договор е потпишан на 10.01.2023 година и е во висина од околу 5.5 милиони евра. И во полицискиот центар во Ѓорче Петров како и во случајот со центарот за обука во Идризово има најмодерна кујна за приготвување на храна за полицајците, но наместо да се користи истата, МВР на Спасовски набавува храна од приватна компанија – рече Чулев.

Тој додаде дека Индустри сервис со добивање на двата тендери од МВР на Спасовски за Центарот за обука во Идризово и полицискиот центар во Ѓорче Петров станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од ова министерство, чиј износ достигнува 13 милиони евра.

-Уште посимптоматично е што токму Оливер Спасовски, кој е министер во МВР, институција која ги прави двете набавки бил на поставување на камен темелник на фабриката на Индустри сервис во Гази Баба пред неколку години. Ова е фотографија од која се гледа Спасовски во друштво на сопственикот на фирмата Индустри сервис Драган Смилковски. А на поставувањето на камен темелник на фабриката во Гази Баба е речиси цела влада на СДС и други функционери – рече Чулев.

Поврзани новости