Чулев посети полициски пунктови за Велигден и се кршеше со јајца со колегите

by Фокус

По повод Велигден, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, придружуван од раководството на СВР Скопје, синоќа ги посети колегите, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода.

На полициските службеници од православна вероисповед министерот Чулев ѝм го честиташе големиот христијански празник, а на останатите колеги им посака мирна работна вечер.

Од страна на полициските службеници, соопшти денеска МВР, Чулев бил информиран дека изминатата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршување на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето кои се донесени од страна на Владата.

За време на посетата, како што може да се види од фотографиите што ги лиферуваа од МВР, министерот се крши со јајца со колегите.

-На овој голем празник Велигден посакувам емпатијата, меѓусебната поддршка, почитувањето и разбирањето да бидат наши водилки во периодот што следи – истакнал Чулев при посетата.

Поврзани новости