Чулев: Околу 300 лица го прекршиле полицискиот час, а 350 луѓе има во државните карантини

by Фокус 21:47
21:47

Граѓаните главно ја почитуваат мерката за ограничување на движењето и покажуваат високо ниво на совесност, иако се забележани одредени отстапувања, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за Сител. Тој посочи дека за овие 5 дена 300 граѓани не ја почитувале мерката и против нив се преземени соодветни санкции.

– МВР оваа мерка за ограничување на движењето на граѓаните ја спорведува на два начини и тоа преку пунктови (на територија на цела држава имаме 156 пунктови) и тоа се на главните сообраќајници каде што се движат возилата, додека на другите места е преку мобилни полициски патроли – вели Чулев.

- Advertisements -

Тој додаде дека на територија на Град Скопје забраната помалку се почитува во Шуто Оризари, додека на територија на државата после Скопје доаѓа Струмичкиот регион.

– Како припадници на МВР ги обезбедуваме и државните карантнини. Во моментот обезбедуваме 7 објекти на територија на државата во кои има сместено околу 350 македонски граѓани кои од странство пристигнале на територија на нашата држава и согласно одлуката на Влада мора да бидат задолжително 14 дена во државен карантин – рече министерот.

Поврзани новости