Чулев: Граѓаните генерално ги почитуваат мерките на Владата

by fokus

Донесените мерки и препораките на Владата, генерално се почитуваат од страна на граѓаните на територијата на цела држава. Тие се совесни и свесни за комплексноста на состојбата во која се наоѓаме и за важноста на почитување на мерките во овој  исклучитлено важен момент и период за сите нас, информираше денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Надлежните институции во моментов  преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација, а кои ќе бидат сместени согласно одлуките на Владата  во карантин на сопствена сметка, потенцираше Чулев.

Министерот информираше дека мерката за ограничување на движењето од донесувањето на 22 март, не ја почитувале вкупно  502 граѓани, од кои најголем број, односно 459 лица се на возраст од 18 до 67 години. Од нив 26 лица се на возрат до 18 години, а 18 лица се над 67 години. Во последните 24 часа 94 лица не ја почитувале мерката на ограничување  на движењето.

-Што се однесува до преземените мерки од страна на  МВР кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување, вкупно до сега се приведени 199 лица од кои 14 лица се на возраст до 18 години. Во последните 24 часа  приведени се 37 граѓани  од кои седум се на лица  на возраст до 18 години. Опоменати за непочитуваже на плицискиот час се вкупно  136 лица, соопшти Чулев.

Министерот информираше дека се поднесени вкупно 123 кривични пријави за непочитување на мерката за забрана за движење  и 12 известувања со кои се опфатени 158 сторители за вкупно 144 кривични дела.

Поврзани новости