Чулев: Благодарност до сите граѓани кои го почитуваат полицискиот час и мерките на Владата!

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев преку својот фејсбук-профил информираше за деталите за викенд-полицискиот час кој се спроведе на територијата на Македонија.

Воедно, тој испрати и голема благодарност до граѓаните кои ги почитувале мерките на Владата.

„Во таа насока уште еднаш упатувам благодарност до оние граѓани кои се свесни за предизвикот со кој се соочуваме сите и ги почитуваат одлуките на Владата за забрана на движењето и препораките за социјално дистанцирање“, напиша Чулев.

Согласно одлуките на Владата, викендов на територијата на целата држава се спроведе ограничувањето на движењето кое…

Publiée par Наќе Чулев sur Dimanche 12 avril 2020

Поврзани новости