Чомовски: Не ми е јасно како Камчев би можел да се исплаши од Бојан Јовановски

by fokus

Новинарот Александар Чомовски, кој работеше во 1ТВ во гостување на радиото Канал 77, рече дека не знаел дека неговиот менаџер бил под посебни истражни мерки неколку месеци.

– Доколку Бојан бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани. Ние сме се слушале со него еднаш два дена во просек, да се договориме за емисиите и слично – рече Чомовски.

Чомовски додаде дека не му е јасно како еден бизнисмен како Орце Камчев би можел да се исплаши од човек како Бојан Јовановски, алудирајќи на тоа дека во овој случај играта е многу поголема.

Поврзани новости