Членството излезе пред Апелација да им даде поддршка на Јанакиески и Божиновски

by fokus
Мал број членови на ВМРО ДПМНЕ излегоа денеска пред Апелациониот суд за да им дадат поддршка на притворените екс-функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Меѓу нив беа и членови на блиското семејство.
Во Апелација треба наскоро да почне јавната седница на која ќе се образложува жалбата на адвокатите по мерката притвор. По седницата за Јанакиесли, ќе следи отворена седница и за Божиновски.
На нив им беше одредена мерка притвор по бегството на Никола Груевски под сомнение дека и тие планiрале бегство од државата.

Поврзани новости