Членовите на ДИК ќе добијат таблети од 700 евра

by Фокус

Државната изборна комисија ја избра понудата на фирмата „Адванс медија“ за набавка на таблет компјутери за членовите на Комисијата. Според договорот со фирмата, ДИК ќе купи 12 таблети компјутери од цена по  44.000 денари без ДДВ, или по 713 евра за еден таблет.  Првичната процената вредност на огласот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) беше 255.000 денари без ДДВ, а сега по повторената постапка набавката чини вкупно 528.000 денари без ДДВ.

На 12 ноември беше објавен првичниот оглас за набавка, а крајниот рок беше 19 ноември. Сепак, Комисијата од ЕСЈН утврдила дека тендерската документација содржела битни пропусти и недостатоци, па предложи тендерот да биде поништен.

На повторениот тендер, била избрана „Адванс медија“, која понудила најниска цена од сите пет кандидати. За оваа постапка не се спроведе јавно отворање, а најниската цена беше основниот критериум за тендерот.

Поврзани новости