Членови на ВМРО-ДПМНЕ со повик за „демократизација” на партијата

by fokus 23:18
23:18

“Внатрешната иницијатива за модернизација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ” испраќа манифест со кој бара реформи во партијата.

-Едностраните одлуки, назначувања без избор, немањето критериуми за соодветната одговорност, го дерогираат системот на Партијата, а претставниците немаат потребен авторитет и легитимитет да настапат пред членовите, симпатизерите и пред граѓаните на Република Македонија. За таа цел изготвена е комплетна платформа за демократизација на ВМРО ДПМНЕ, во која централно место се дава на Централниот Комитет и Општинските Комитети на Партијата, како органи кои ќе ги донесуваат конечните одлуки. Индивидуалната одговорност станува основен критериум за исполнување на обврските на сите партиски функционери – стои во соопштението од иницијативата.

Од таму ги повикаа сите членови и симпатизери, на дејствување внатре во органите и телата на ВМРО ДПМНЕ, да се приклучат на иницијативата за да направеле стабилна партија за стабилна држава.

Поврзани новости