Чиле разгледува закон за задолжителна вакцинација против Ковид-19

by Fokus

Собранието на Чилe разгледува закон со кој вакцинацијата против коронавирусот ќе биде задолжителна, додека централно-десничарската влада планира да го вакцинира мнозинството од населението до средината на годината, пренесува „Гардијан“.

Нацртот на новиот закон ќе го измени постојното законско решение, кое веќе пропишува задолжителна вакцинација против сипаници, голема кашлица и други заразни болести.

Задолжителна имунизација против коронавирусот предложија членови на опозициската Христијанско-демократска партија, пренесува британскиот весник.

Чиле е првата јужноамериканска земја што започна со имунизација против Ковид-19.

Сантјаго потпиша договори за снабдување со вакцини со компаниите „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Синовак“

Поврзани новости