Чичаковски: Избирачките одбори со 34.000 членови се целосно оперативни

by Фокус

Александар Чичаковски, претседател на Државната изборна комисија, во интервју за државната агенција МИА вели дека сите општински изборни комисии се целосно оперативни и ги добиле потребните просторни, технички услови од општините и нормално функционираат во пресрет на локалните избори во октомври.

-Во моментов исто така се изготвуваат и доставуваат решенијата за избор на членовите на избирачките одбори. Тоа е сложена логистичка операција. Треба да се има предвид дека околу 34.000 членови на избирачките одбори беа избрани во минатиот период – рече изјави Чичаковски.

Поврзани новости