Чибишев: Сите пациенти на Токсикологија се стабилни

by Fokus

Сите пациенти, кои се хоспитализирани на ЈЗУ Клиника за токсикологија по пожарот во дискотеката во Кочани, се клинички стабилни и без клинички манифестации, информираше директорот на клиниката, проф. д-р Андон Чибишев, на денешната прес-конференција.

Во моментов во оваа Клиника се лекуваат 7 пациенти кои инхалирале голема количина отровни гасови додека горел објектот. Пациентите немаат механички или термички повреди, туку главно инхалаторни повреди од чадот и од гасовите.

На почетокот, на Токсикологија биле примени вкупно 20 пациенти, но поради влошена состојба, 13 од нив биле префрлени на други клиники.

Некои од пациентите биле префрлени и во медицински центри надвор од државата.

Чибишев вели дека сите пациенти кои поминале низ Клиниката за токсикологија, вклучувајќи ги и оние на КАРИЛ и оние кои се лекуваат во странство, моментално се стабилни.

Поврзани новости