Чевлите носат задоволство чекорејќи во „новонастанатата реалност“, со мисла за подобро утре во годината што доаѓа

by Fokus

Јубилеј значи празнување на годините на заедничка доверба на „Маркиз“ и нивните верни клиенти, постари за 20 години, успешно негуваат модни трендови и креираат урбан стил со препознатлив квалитет.

– Времето на пандемијата и прославата на јубилејот ја заменивме со солидарноста кон една наша институција за згрижување на ранлива категорија граѓани. Приказната продолжува во новогодишните празници посветени на удобноста и комфорноста, но со мисла да останеме безбедни. Чевлите носат задоволство чекорејќи во „новонастанатата реалност“, со мисла за подобро утре во годината што доаѓа. Модата и следењето на светските трендови останува наша определба. Во овој момент, пандемијата ја менува потребата за гламур и елеганција и се ориентира кон удобен, урбан и комфорен стил, менувајќи ги навиките со посебен фокус кон е-трговијата, велат сопствениците.

Радоста на новогодишното украсување на „Маркиз“ го поттикнува позитивниот дух и потребата за убави нешта на улицата на јапонските цреши во центарот на Скопје.

– Бидете дел од празничната приказна и подарете љубов со стил! Би сакале празниците што се пред нас да донесат радост, среќа и надеж дека доброто ќе го победи злото. Да бидеме подобри од тоа што сме, да останеме одговорни, фокусирани на подобро утре, порачуваат тие.

 

Поврзани новости