Четворица здравствени работници и двајца наставници од Тиквешко заразени со Ковид-19

by fokus

Четворица здравствени и двајца просветни работници од Тиквешко се позитивни на коронавирус, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Од четворицата здравствени работници тројца се од Кавадарци и еден од Неготино. Просветните лица се кавадарчани кои држеле онлајн настава. Центарот бележи и едно починато лице од Кавадарци на возраст од 79 години.

На ниво на Тиквешки регион, евидентирани се нови 59 лица со Ковид-19. Од нив, 41 се од Кавадарци, еден од Росоман, 15 од Неготино и двајца од Демир Капија. Сите се на возраст од 12 до 70 години.

Поврзани новости