Четворица вработени во Петтата управа во УБК добиле отказ, но не и Грујевски и Бошкоски

by fokus

Четворица вработени во Петтата управа во УБК добиле отказ, информираше на денешниот брифинг со новинарите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој не сакаше да открие дали вработените биле под сомнеж за незаконското прилушување или за крвавиот четврток, што се случи на 27 април во Собранието.

Спасовски додаде дека бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски, обвинети во аферата со нелегалното прислушување „Таргет и Тврдина“ се уште се вработени во УБК, односно нивното место е ставено во мирување и не земаат плата. Тој појасни дека тие биле суспендирани и за нив била поведена дисциплинска постапка, но кога функцијата повторно ја превзеде Митко Чавков, по еден ден, ги вратил на работа.

Поврзани новости