Четворица службеници од администрацијата на Ристески го оштетиле буџетот за 130.000 евра за превозник да се стекне со нелегален објект

by fokus 14:02
14:02

Против четворица службеници во Општина Прилеп е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положна и овластување. Полициската станица во Прилеп ги товари раководителот на Секторот за урбанизам, 61-годишниот И.К, раководителот на одделнието за урбанизам, 66-годишниот И.Ч., и двајца членови на Комисија за утврдување на фактичка состојба на лице место во постапки за легализација, дека го прекршиле членот 353 став 1 и 3 од Кривичниот Законик.

„И.К., од 25.08.2011 година до 22.11.2013 година, во договор со останатите пријавени презеле дејства, секој во рамките на своите овластувања, со цел легализација на деловен објект кој не можел да биде предмет на постапување согласно Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. На тој начин противправно овозможиле правното лице ПЕЛАГОНИЈА ТУРС ДОО Прилеп  да стане сопственик на деловен објект лоциран на ул. ,,Маршал Тито“, кој се наоѓа на приземјето од станбено деловна зграда во Прилеп, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија за 7.995.000 денари“, велат од Министерството за внатрешни работи.

- Advertisements -

Кривична е поднесена и против управителот на фирмата „Пелагонија турс“, 61-годишниот С.К., како и против овластен геодет вработен во ГПС „Премер“ ДООЕЛ Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 и 3 од Кривичниот Законик.

Поврзани новости