Четворица разбојници претепале Турчин, откако не им го дал мобилниот телефон

by Fokus

Четворица разбојници претепале Турчин, откако не им го дал мобилниот телефон, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 00,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“, од страна на четири непознати лица било нападнато лицето О.Ј.Д. од Р.Турција. Според пријавата, откако го пресретнале, едниот од напаѓачите му рекол да му го даде телефонот, оштетениот одговорил дека нема телефон, по што лицето почнало да го удира, а потоа и другите лица се приклучиле во физичкиот напад. Откако О.Ј.Д. почнал да вика полиција, напаѓачите избегале од местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости