Четворица повредени полицајци и двајца уапсени во Тетово

by fokus

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, вечерва информираше дека при судирот на демонстрантите со полицијата во Тетово четворица полициски службеници се полесно повредени, а од слобода се лишени две лица, 52 годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево.

СВР Тетово во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, по што против инволвираните во настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Инцидентот се случи на протестот со кој се бараше расветлување на случајот со пожарот во модуларната Ковид болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица.

ФОТО: ТВ 24

Поврзани новости