Четворица мртви по упадот во Конгресот, 53 уапсени

by fokus

Полицијата на Вашингтон објави дека четири лица загинале за време на вчерашниот упад на приврзаниците на Доналд Трамп во Конгресот.

Досега приведени се 53 луѓе, од кои 47 поради кршење на полицискиот час, што вчера беше воведен во Вашингтон и трае од 18 до шест часот.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс на Твитер го осуди насилството.

– Најстрого го осудувам насилството што се случи и тагуваме поради загубените животи, како и поради повредите на тие кои го бранеа Капитол. Мирен протест е право на секој Американец, но овој напад на Капитол нема да го толерираме. Тие кои учествуваа најстрого ќе бидат санкционирани во согласнот со законот, посочи Пенс.

Помали протести на приврзаниците на Трамп синоќа се одржаа и во голем број американски градови, меѓу кои Салем, Орегон, Аталанта и Денвер.

Во нередите повредени се 14 полицајци, од кои двајца се хоспитализирани. Конгресот на САД ја продолжи седницата на која треба да биде потврден резултатот од претседателските избори од 3 ноември, а којашто ја прекинаа стотици приврзаници на претседателот во заминување, Доналд Трамп кога упаднаа во зградата Капитол- симбол на американската демократија.

Поврзани новости