Четиригодишно девојче било каснато од куче

by Fokus

Четиригодишно девојче било нападнато и каснато од куче, информираа од МВР.

Според полицијата, пред неколку денови околу 17.30 часот во Скопје на улица “Скупи 7“, 4 -годишно девојче билo нападнатo и каснатo од куче. Со возило на Итна медицинска помош детето било пренесно во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости