619
Четири лица се новорегистрирани како позитивни на Ковид-19 денес во Тиквешијата. Од нив, двајца мажи и една жена се од Кавадарци, додека пак жена на возраст од 48 години е од неготинското село Војшанци.
Сите пројавиле симптоми, а според проценката на надлежните здравствени работници, остануваат на домашно лекување.
-Возраста на пациентите чии позитивни резултати пристигнаа денес е од 32 до 58 години. Сите имаат симптоми, и се на домашно лекување, во постојан контакт со матичните лекари – потврдуваат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Во Кавадарци од почетокот на епидемијата се инфицираа 194 лица, додека пак во Неготино 49.
Вики Клинчарова