Четири скопски општини утре без струја

by Fokus

Гази Баба, Кисела Вода, Сарај и Ѓорче Петров се општините во кои одредени делови утре ќе останат без струја, информираат од ЕВН Македонија.

Како што стои во соопштението од ЕВН, во Гази Баба, без струја утре ќе биде дел од село Раштак со број 4, од 9 до 13 часот. Во Кисела Вода, од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од корисниците од улиците „Марко Цепенков“, „Киро Крстевски“ и дел од улиците „Доситеј Обрадовиќ“ и „Боте Боцевски“.

Во Сарај, пак, без струја од 8:30 до 10:30 часот ќе биде дел од село Грчец. Додека, пак, во Ѓорче Петров од 9:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Јосиф Ковачев“, улицата „Ѓорче Петров“ зградите: 35 и 33, како и делови од улиците „Смојлане“, „Сагудати“, „Штросмаерова“, „Даутица“, „Социјалистичка зора“ зградите: 18, 40, 27, 13 и зграда 15.

Од ЕВН велат дека прекинот на струја е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Поврзани новости