Четири момчиња загинаа во сообраќајка во Србија

by Fokus

Неколку часа по полноќ на локалниот пат од Чачак кон селото Јанчиќи се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите информации од терен, животот го загубиле четворица млади момчиња.

– Најверојатно се враќале од забава и возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот. Сите загинаа. Ова е вистинска трагедија, тоа се само млади. Сите беа на 18 или 19 години – изјави за медиумите еден од жителите на селото Јанчиќи, кој утрово се нашол во близина на местото каде што излетале младите.

Поврзани новости