Четири момчиња загинаа во Албанија откако се запалил нивниот автомобил по судир со камион

by fokus

Четири момчиња на возраст од 20 до 25 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа, што се случила пред полноќ на патниот правец Фуш През – Вора, кај Тирана.

Автомобилот марка „мерцедес”, на бензин и плин, во кој биле момчињата, се судрил со камион-бетониерка, по што се запалил.

Првичните наоди од увидот потврдуваат дека бетонската мешалка се движела со мала брзина, а возилото во кое се наоѓале младите се движело со голема брзина.

Како што објавија албанските медиуми, патот не бил осветлен и како резултат на тоа младите не можеле да ја видат бетонската мешалка.

Возачот побегнал од местото на несреќата, но подоцна бил приведен.

Несреќата ја забележала полициска патрола, по што биле известени противпожарни служби за гаснење на пожарот.

Поврзани новости