Четири лица се тешко повредени во сообраќајка во Кочани

by Fokus

Четири лица се повредени во сообраќајка во Кочани, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според информациите во полицискиот билтен, во 20.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во населба Оризари во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ровер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот И.С. од Кочани и патничко возило „Сеат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот С.Н. од Кочани.

Во незгодата со тешки телсни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „Сеат“, М.Н.(32) од Кочани. По укажаната помош во Јавната здравствена установа, С.Н. и М.Н. биле препратени во Медицински центар Штип, додека И.С. бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Сопатникот во возилото „Ровер“, А.Н.(27) од Кочани се здобил со телесни повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Кочани.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Поврзани новости