Четири лица позитивни на Ковид-19 починаа во Тиквешко

by fokus

Две лица од Кавадарци на возраст од 67 и 78 години, едно од Росоман на 69 години и едно од Неготино на возраст од 75 години ја изгубија битката со корона вирусот, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Од пристигнатите резултати до 14 часот во Кавадарци денес се регистрирани три нови случаи на Ковид-19, а лицата се на возраст од 30 до 68 години.

Во Неготино, позитивни се осум лица на возраст од 16 до 48 години, а во Демир Капија едно лице на возраст од 39 години.

Наставничка од Кавадарци, која работела во Росоман е помеѓу новорегистрираните позитивни случаи, по што во изолација заминуваат 14 деца од едно и 9 деца од друго одделение.

Вики Клинчарова

Поврзани новости