Четири лица исчезнати на грчкиот остров Крит: Се враќале од свадба, а возилото било повлечено од река

by fokus

Над 24 часа трае потрагата на спасувачките екипи и противпожарната служба за пронаоѓање на четири лица на грчкиот остров Крит кои исчезнаа во саботата, откако нивното возило било повлечено од надојдена река.

Рано утрово во потрагата, освен 40 пожарникари, биле вклучени и нуркачи за пронаоѓање на автомобилот и на четворицата исчезнати.

Според локалните медиуми од островот, во автомобилот се наоѓала млада брачна двојка, сестрата на сопругата и нивната мајка, кои во саботата по полноќ се враќале од свадба.

Поради лошите временски услови и обилниот дожд, реката покрај патот била надојдена и веројатно го повлекла возилото.

Поврзани новости