Поминаа четири години од отворањето на најголемиот шопинг-центар во Македонија. Во текот на овој период, Скопје Сити Мол се наметна како урбан центар на Балканот, кој беше домаќин на повеќе од 29 милиони посетители од земјава, но и надвор од неа.Скопје Сити Мол за првпат ги отвори вратите за потрошувачите на 4 октомври 2012. За кратко време ја исполни својата мисија.
Прерасна во урбано собиралиште, кое ја редефинира колективната градска забава и шопинг. Скопје Сити Мол успеа да внесе шаренило во едноличната слика, која се затекна во последната деценија.
Овој трговски центар ја измени перцепцијата за модни и музички настани. Досега се реализирани 4 модни настани, кои ги собраа сите љубители на модата.
Модните настани се надополнети со можност секој да го изгради и негува својот моден стил, преку фантастичните понуди на излагачите во Скопје Сити Мол.
Скопје со Скопје Сити Мол почна да дише трендовски и светски. Покрај можноста да го изградат својот личен стил, уживањето во шопинг-турите е збогатено со бројни активности. Меѓу нив особено значајни се наградите за лојалност на потрошувачите. Бројката на овој список е навистина впечатлива – 5.000.Во оваа бројка е вклучен и потрошувачот, кој го доби автомобилот „џип ренегејџ“, како круна на задоволството од шопинг во Скопје Сити Мол. Во текот на изминативе 4 години, сите посетители имаа можност да се забавуваат со гостите, кои беа дел од 10-те музички концерти, меѓу нив Кирил Џајковски, групата САРС, ТК ВОНДЕР, Петар Грашо и други.
На сите обожаватели им беа овозможени над 30 дружења со врвни домашни и регионални музички, писателски и спортски ѕвезди.
Скопје Сити Мол успеа да го врати заборавеното задоволство од следењето кинопроекции. Киносалите на Синеплекс почнаа со проекцијата на филмот „Животот на Пи“, паралелно со неговата светска премиера.
Ова стана убава практика. Па, така, сите љубители на филмската уметност, од најмлади до највозрасни, имаа можност да ги следат најновите филмови, во исто време со сите филмофили во светот.
Покрај тоа, во киносалите на Синеплекс се прикажуваат и преноси од Баљшој театарот, спортски настани и слично.
Скопје Сити Мол стана место за сите. Со трговскиот центар растат најмладите. Тука се слават нивните родендени. Дечињата растат и се забавуваат.
Скопје Сити Мол, за да одговори на потребите на родителите во врска со нивните најмили, почна една убава традиција, која се негува дури двапати во годината,Саемот за деца, кој нуди интересна и богата програма во која дечињата може да се забавуваат, но и да се едуцираат.
По првото успешно реализирање на овој саем, некои од неговите содржини станаа секојдневие. Креативните работилници за најмладите се сместија во детското катче и се убава забава за најмладите, буквално секој ден.
Покрај растот на бројката на посетители, која по 4 години е повеќе од 29 милиони, Скопје Сити Мол може да се пофали со повеќе од 220 илјади фанови на својата страна на Фејсбук.
Киносалите имаат најсовремена технологија, а освен филмови ќе се прикажуваат и преноси од Баљшој театар, спортски настани како мастер-сериите во тенис, модерни танци од познат театар од Холандија.
Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол реализираше повеќе од 300 хуманитарни настани и кампањи.
Од 1 до 4 октомври, Скопје Сити Мол ќе го прослави својот четврти роденден со музика, многу настани, подароци, попуст и низа изненадувања за сите.