Четири државјанки од Албанија и Косово приведени поради нелегална работа во гостиварски локал

by Fokus

Четири странски државјанки утрово се приведени во полициска станица под сомнение дека нелегално работеле во угостителски објект во близина на Гостивар.

Според СВР Тетово, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар спроведеле акциска контрола утрово околу 1:30 часот во угостителски објект лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.

Во локалот сопственост на Р.Б. (46) од Гостивар биле затекнати четири странски државјанки, од кои три од Република Албанија и една од Република Косово. По извршената контрола биле лишени од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка

Поврзани новости