Честитка од Спасовски: Бадник не потсетува на вистинските вредности

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до сите православни христијански верници по повод големиот христијански празник Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
Честитајќи им го Бадник, Спасовски на граѓаните им посака здравје, надеж и љубов.

– Честит Бадник до сите православни верници. Во духот на христијанството, Бадник не потсетува на вистинските вредности – здравје за сите кои ги сакаме, надеж и љубов. Нека овој ден донесе мир и спокој на секого. Кај и да си за Бадник дома да си, напиша Спасовски во честитката на својот фесјбук-профил.

Поврзани новости